(ВИДЕО) Михаилоски: Инвестираме во студентскиот стандард, субвенциониран оброк за 40.000 студенти

Од:

„Субвенциониран оброк е последната во низата мерки кои СДММ и СДСМ ги преземаат за подобрување на студентскиот стандард и за младинските политики во целост.

По поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија, Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк“, рече Марко Михаилоски, претседател на СДММ.

„Со ова, 40.000 активни студенти, на почетокот на секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци.

Министерството за образование и наука ќе изврши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците.

Измените овозможуваат корисникот на субвенционираниот оброк да може го оствари своето право кај секој еден трговец.

Покрај ова, постојано се инвестира во унапредување на условите за живот во студентските домови.

Минатата година заврши целосното реновирање на најголемиот студентски дом Гоце Делчев. Инвестициите во подобри услови за студентите ги сметаме за капитално вложување во иднината на државата. Токму затоа, годинава започна и Проектот за енергетско-ефикасна рехабилитација на студентските домови, започнувајќи од домот ,,Стив Наумов’’, а ќе продолжи во студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

Сето ова се мерки и политики кои се во насока на унапредување на студентскиот стандард, за да имаме задоволни и мотивирани студенти.

Како социјалдемократска младина, како одговорна партија продолжуваме со реализација на квалитетни и остварливи младински политики што се во интерес на секој млад човек.

Обезбедуваме европски стандарди за студирање и работа дома, во својата татковина“, изјави Марко Михаилоски, претседател на СДММ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците