Комисијата потврди: Славко Јаневски бил соработник на службите

Од:

Комисијата за верификација на факти на вонредна седница донесе заклучок дека одлуката за писателот и академик Славко Јаневски како соработник на службите е исправна.

Седницата беше закажана од страна на претседателот Томе Аџиев по бурните реакции во јавноста, посебно од академската фела. На оваа одлука, повторно единствено реагираше членот на Комисијата Чедомир Дамјановски, кој кажа дека лустрацијата на Славко Јаневски е намерно кинење на македонското ткиво со оглед дека не постојат никакви аргументи.

– Нема никакви документи. Тој зборувал кој е лош писател за колеги кои не знаеле да пишуваат, а тоа нема врска со идеологија. Нема никакви документи, освен тоа дека давал свој суд за одредени книжевни дела – вели Дамјановски.

katica-11Лустрацијата на писателот Славко Јаневски и авторот на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени“ предизвика остри реакции во јавноста. И академик Катица Ќулавкова, на својот фејсбук профил упати порака до лустраторите дека нема да можат да го девалвираат делото на познатиот писател.

Ќе остане ли некој македонски творец да не е извалкан свесно и злонамаерно? А на државни функции се поставени скорешни команданти на терористички организации и никому ништо. Не постои лустрација која може да го девалвира книжевното дело на Славко Јаневски. Престанете да ги деградирате луѓето кои го развиваа македонскиот јазик, духовност и култура, пишува Ќулавкова.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска