Прилепчани со над две и пол илјади барања за проценка на штетите од невремето

Од:

До надлежната комисија во Општина Прилеп поднесени се околу две и пол илјади барања за проценка на штетите од минатонеделното невреме. Најмногу барања се поднесени за тутунските насади, потоа за житарките, за лозјата и за овоштарниците. Според првичните согледувања, штетите кај тутунот се движат 30–60 проценти, а оштетувањата се најголеми кај житарките каде што родот е целосно уништен.

Формуларите се доставуваа до локалната самоуправа со фотокопија од имотен лист или договор за закуп и фотокопија од лична карта на барателот.

Комисијата за проценка на штети формираше пет тима составени од надворешни стручни лица, кои до 5 јули треба да ги подготват извештаите, а до 12 јули треба да биде изготвен елаборатот што ќе биде доставен до второстепената комисија во Владата на Република Македонија.

Во зависност од расположливите средства во државниот буџет, ќе се знае во колкав износ ќе бидат помогнати земјоделците од оваа општина.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај