Македонија против Финска на почетокот на Европското првенство во одбојка

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација својот прв натпревар на претстојното Европско првенство ќе го игра против кодомаќинот Финска, соопшти денеска Европската одбојкарска федерација, објавувајќи го комплетниот распоред за завршниот турнир што ќе се одржи од 1 до 19 септември.

Својот премиерен настап македонските одбојкари ќе го играат на отворањето на Европското првенство, на 1 септември во Тампере со почеток од 19 часот.

Во второто коло македонските одбојкари ќе играат против Холандија (3 септември, 20 часот), во третото против Турција (5 септември, 14 часот), додека противник во четвртото коло ќе им биде репрезентацијата на Шпанија (6 септември, 17 часот). Натпреварите од групната фаза македонската репрезентација ќе ги комплетира на 8 септември против Русија со почеток од 17 часот.

Домаќините на Европското првенство се Финска, Естонија, Полска и Чешка.

Натпреварите од осминафиналето и четвртфиналето ќе се играат во Гдањск и Острава, додека завршниот дел ќе се игра во Катовице.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

Пикси ќе добие отказ

Предраг Петровиќ