Дете направило сообраќајка со скутер во Прилеп, тешко е повредено девојче-сопатничка

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчеравечер во Прилеп, а во неа се повредени двајца малолетници – возач на скутер и неговата сопатничка, соопшти полицијата.

„На 05.07.2021 во 01.00 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата од ул.„Тризла“ со ул.„11 Октомври“ и ул.„Миноски Горан“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „хамачи“, управуван од малолетник и патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управуван исто така од малолетник, двајцата од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка на мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп“, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он