На интернет се појавија фотографии од една јапонска брошура на новата генерација на моделот „Хонда Џез/Фит“.
Првиот впечаток е дека силуетата и пропорциите на автомобилот не се битно променети, но неговот преден и заден дел се целосно редизајнирани.
Со формата на фаровите и маската на ладилникот, новиот „Jazz“ стилски се приближува до моделите како „Honda Insight“ или новиот „Civic Hathback“.
Задниот дел, исто така, е доста поинаков во однос на актуелната верзија. Стоп светлата сега се продолжени и на задниот носач на кровот, така што помалку наликуваат на задните светлосни групи на „Волво“.
„Хонда Џез“ на пазарите во Јапонија, Северна Америка и Кина се продава под името „Фит“.Голем број купувачи во овие земји, а особео во САД, се заинтересирани за возилата со хибриден погон.
И новата генерација ќе има своја хибридна верзија, а тоа може да се види врз основа на фотографиите на деталите на инструмент таблата на која е прикажан индикатор за полнење на батеријата на возилото.
Актуелната „Хонда Џез“ има погонски систем што се состои од 1.3-литарски бензински агрегат од 88 кс и електромотор од 14 кс.
Се очекува новиот „Џез/Фит“ во Јапонија да биде претставен до крајот на годината, додека европската верзија треба да се појави во текот на 2014 година, но со незначителни стилски разлики во деталите на надворешноста.