Анкета: Четвртина од Австријците се за задолжителна вакцина против коронавирусот

Од:

Во Австрија една четвртина од граѓаните се за воведување обврска за вакцинирање против коронавирусот, покажуваат резултатите од најновата анкета.

Само 36 проценти од Австријците сметаат дека финансиски стимулации преку некаков вид бонус ги охрабруваат граѓаните да се вакцинираат наменски, како што тоа го прават некои земји.

Според анкетата, дури 61 процент од Австријците се против стимулациите, а 24 проценти сметаат дека треба да се воведе обврска за вакцинирање.

Во врска со задолжителната вакцинација, во септември ќе бидат спроведени две изјаснувања на граѓаните, а целта на иницијаторите е да им дадат можност на луѓето да кажат дали сакаат властите да воведат обврска за вакцинација или не.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник