Одликата на судот е скандалозна, судскиот процес се води шест години и продолжува тенденцијата за додворување на судиите на авторитетите, изјави Владо Бучковски кој денеска беше осуден на три години затвор.
„Нема ниеден доказ против мене, Апелациониот суд даде насоки за ослободителна пресуда, меѓутоа судијката очигледно немаше храброст”, додаде Бучковски.