СДСМ: Македонскиот јазик и идентитетот се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од расправа во Собранието

Од:

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание. Христијан Мицкоски до толку е изгубен во своите блокади што бара Собранието да разговара дали сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и имаат македонски идентитет и посебност велат од СДСМ во реакцијата на прес конференцијата на потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Миасајловски кој повика на гласање Резолуција за македонските црвени линии.

„Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции но очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа.Очигледно е дека се што прави Христијан Мицкоски е против државните и национални интереси, и во состојба е да измисли се само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата“ – се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски