Митева: Шилегов се бетонираше како најнеспособен градоначалник

Од:

Шилегов се бетонираше како најнеуспешен градоначалник. Со секој изминат ден како градоначалник, Скопје претрпува нови бламажи. Последниот дострел на неговата неспособност е катастрофалната реконструкција на кејот реќе на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Прва фаза беа уништените и исечени зелени појаси во градот, втора фаза се бетонираните дрва на кејот. Откако го исече дрворедот на „Орце Николов“, сега на кејот имаме бетонирани дрва. Срамни и жални беа сликите кои вчера беа објавени. Да не беше силната реакција на скопјани, Петре можеби ќе ги отстранеше и овие дрва со образложение дека се стари и опасни. Другата страна од приказната е реконструкцијата на кејот која чини 1,5 милиони евра. Уште не e завршена реконструкцијата, но веќе патеката е распукана“ – вели Митева.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ