Мисајловски: Време е Македонија да има документ со црвени линии за македонскиот идентитет и јазик

Од:

Да немаше идентитетски барања за повторно редефинирање на македонскиот народен идентитет и јазик немаше ниту да има блокада од страна на Бугарија. Блокадата од Бугарија не е заради економската, еколошката, здравствената или земјоделската политика на Македонија, туку заради нивните барања да не се признава постоење на македонскиот национален и јазичен идентитет и континуитет пред 1944 година рече на прес конференција потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„По логиката на Заев, Бугарија смее и треба да има своја државна резолуција за Македонија, а Македонија не смее и не треба да има државна резолуција за нашата Македонија.Резолуцијата која ја нудиме е одговор на блокадата, одговор на негирањата и одговор на лошите политики кон Македонија. Нашиот предлог е да се повикаме на највисоките научни авторитети, најдобрите професори, совеста и мудроста.Штом МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА се нашле повикани да обзнанат свој став за македонскиот јазик и идентитет, тоа го направиле зошто сигурно чувствувале дека е загрозен идентитетот“ – рече Мисајловски.

Тој вели дека нивниот предлог нема политички формулации, нема партиски позиции, нема лични агенди. Но, има гаранции за македонската засебност, за македонската историја, за македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

„Ако СДСМ не се согласува со текстот кој е напишан од МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА слободно нека каже во кој дел, што е спорно или што е неточно во текстот на овие три јавни институции. Но ако има согласност за тоа што е црвена линија, она што е наш идентитет и јазик, тогаш нема ниту една причина оваа резолуција да не е прифатена. Ако имавме во минатото државен консензус за националните прашања позицијата на секоја Влада до сега ќе беше многу посилна. Немаше народот да има оправдано чувство дека премногу се дава, а за возврат Македонија ништо не добива“ – порача потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Во Охрид одржана Централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата

Промоција на нови офицери и подофицери во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Мисајловски: Посветено ќе работам за да бидеме горди на својата Армија