Двајца загинати во тешка сообраќајка кај превојот „Ѓавато“

Од:

Двајца возачи загинале во сообраќајка што вчера вечер се случила на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превој „Ѓавато“, во близина на мостот над село Кажани.

Како што информираат од МВР, вчера во 22:40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Охрид.

-Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи, соопшти МВР.

Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука