Делта-сојот се шири во Грција, потврдени нови 25 случаи

Од:

Бројот на регистрирани случаи на Делта сојот во Грција денеска се зголеми на 54, откако Националната организација за јавно здравје во денешниот, седмичен извештај за мутациите, соопшти дека се потврдени 25 нови случаи.

Од анализиран 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 се од Алфа сојот, 25 се Делта и шест Бета, додека пак 340 се под мониторинг.

Во Грција, преовладува Алфа варијантата со 13.560 потврдени случаи (81,7 отсто од вкупниот број мутации), потоа е Бета со 101 случај, Делта со вкупно 54, Ета со десет (од кои два нови), Гама со два случаи и еден случај на Капа.

Од 54-те случаи на Делта мутацијата, првпат откриена во Индија, повеќе од половина, односно 30 се во градот Ираклион на островот Крит, а од кои 14 се поврзани по проверката на контактите на веќе познат случај.

Останатите 24 позитивни случаи се во различни делови на Грција: осум во поширокиот регион на Атина, пет во Солун, четири на островот Лезбос, два на островот Парос и по еден на Халкидки, во Коринт, во областите Евија и Ахаија и на атинскиот аеродром.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција