Бајден ја посети урнатата зграда во Мајами, спасувачката операција запрена поради опасност

Од:

Американските власти привремено ја прекинаа спасувачката операција во близина на Мајами поради стравувања во врска со стабилноста на делот од зградата што не беше урнат. Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил пристигнаа на Флорида за да разговараат со семејствата на загинатите и исчезнатите во урнатиот објект.

Во меѓувреме, бројот на жртви се искачи на 18, а 145 се водат за исчезнати, пренесува Гласот на Америка. Меѓу жртвите има две деца на возраст од 4 и 10 години.

Како одминува времето, надежите за наоѓање преживеани се намалуваат. Со исклучок на првите неколку часа по уривањето на зградата, никој не беше извлечен жив од урнатините.

Половина од 12-катната зграда со 136 станбени единици се урна минатиот четврток, а оттогаш спасувачите ги пребаруваа урнатините користејќи кранови, инфрацрвени скенери и кучиња.

Началничката на округот Мајами Дејд Даниела Левин Кава рече дека спасувачките екипи продолжуваат „со храбра и многу, многу тешка задача, изложувајќи се на опасност“.

– Тие работат нон-стоп скоро шест дена, рече таа.

Директорот за вонредни ситуации во Мајами, Дејд Чарлс Сирел,изјави дека повеќе од 50 агенции работеле на местото на уривањето, вклучително и над 900 вработени.

Засега не е позната причината за катастрофата, но медиумите јавуваат дека зградата претрпела структурни оштетувања.

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран