Државниот совет и даде рок од девет месеци на француската Влада да преземе дополнителни мерки за климата

Од:

Државниот совет – Врховниот управен суд и правдата и дава девет месеци на француската држава да преземе дополнителни мерки за климата, откако до него беше поднесена тужба од општината Гранд-Синт, која смета дека е загрозена од зголемувањето на нивото на морето предизвикано од глобалното затоплување.

Државата мора да ги преземе во рок од девет месеци „сите корисни мерки“ за да се постигне целта за 40 отсто намалување на емисиите на стаклени гасови до 2030 година, нареди во четвртокот Државниот совет во досега невидена судска одлука.

Највисокиот француски административен суд, доби тужба од општината Гранд-Синт, кој смета дека е загрозена од покачување на нивото на морето, истакнувајќи дека сегашните траектории на Франција не и дозволуваат да ги исполни своите обврски во рамките на Парискиот договор. Затоа, му се наложува на „Премиерот да ги преземе сите корисни мерки што ќе овозможат да ја променат кривата на емисии на стаклени гасови (…) со цел да се обезбеди нејзина компатибилност со целите“ на Франција најдоцна до 31 март. Период, кој ќе истече во средина на претседателската кампања.

Оваа одлука, без преседан во Франција, дојде непосредно откако Високиот совет за клима уште еднаш во вторникот во својот годишен извештај разгледа дека „сегашните напори се недоволни за да се гарантира постигнување на целите“ на Франција. И покрај падот на емисиите од -1.9 отсто во 2019 година и -9.2 проценети за 2020 година, исклучителна бројка поради запирањето на економијата од пандемијата Ковид-19. Траекторијата ќе биде се потешка за почитување, бидејќи Европската унија се подготвува да ги ревидира своите цели нагоре со очекувани последици за Франција, подвлекува Високиот совет за клима, независно тело создадено од Емануел Макрон за проценка на климатската политика на земјата.

Новата стратегија на активисти за заштита на животната средина, правните спорови за климата се множат во последниве години и првите одлуки во врска со ова прашање паѓаат во последниве месеци, на штета на државата. Истото движење се забележува и во странство, каде холандските и германските судови неодамна наредија зголемување на климатските амбиции на нивните држави.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата