Министерство за финансии нетранспарентно, цел месец не кажува како е приватизиран спорниот двор на Водно

Од:

Министерството за финансии повеќе од еден месец не одговара на прашањата од „А1он“ за начинот на кој е приватизиран спорниот двор на Водно, над училиштето „Кочо Рацин“. Досегашните корисници, Маја Сотировска и Жарко Будимовски, чии родители во 1968 година од државата добиле дуплекс куќа заедно со спорниот двор, се жалат дека сосед, кој не го користел дворот, успеал да го приватизира врз основа за изјава за која велат дека е лажна.

Спорниот двор е споен со мала парцела која граничи со него и овозможена е изградба на голем објект за кој сопствениците веќе имаат одобрение за градење издадено од Општина Центар. Претставник на сопствениците и на инвеститорот на новиот објект за „А1он“ изјави дека обвинувањата на соседите се неосновани и тотално неточни и дека тие ги имаат сите потребни документи кои може да се проверат во институциите.

„А1он“ побара од Министерството објаснување по кој основ е направена приватизацијата на дворот која завршила во 2011 година, дали имало лицитација за државното земјиште, зошто Сотировска и Будимовски, но и останатите соседи не биле известени за приватизација, каква е постапката за оспорување на приватизацијата по десет години и зошто не е завршена постапката за приватизација на дворот по барањето кое го поднеле Сотировска и Будимовски, како што велат, во 2014 година.

Сотировска и Будимовски за извршената приватизација на дворот штотие го користеле дознаа во мај годинава, кога инвеститорот, како подготовка за градба, исече неколку четириесетгодишни дрвја. Сотировска и Будимовски велат дека веднаш поднеле тужба во суд, од каде сè уште чекаат повратен одговор, а во меѓувреме беа на неколку средби со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, од каде добиле уверување дека Општината по службен прат ќе ја провери приватизацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно