ВИДЕО: Моторни пили ечат на Водно, се сечат дрвја зад училиштето „Кочо Рацин“ за изградба на нова зграда

Од:

Моторни пили ги вознемирија утрово жителите на скопско Водно зад училиштето „Кочо Рацин“. Се сечат дрвја во парцела која досега се водела како државно земјиште со триесетина дрвја, а сега соседите велат дека некој успеал да го купи земјиштетото и подготвува изградба на зграда. Нема информативната табла за градбата, ниту какви било ознаки дека се подготвува градење. Соседите се револтирани не само што во недела, за време на продолжен викенд, некој одлучил да им го одземе мирот, туку сметаат дека сечата на дрвјата е на штета на сите и се чувствуваат загрозени од најавата за нова зграда.

„Не остана парче неизградено на Водно ама во недела, за време на продолжен викенд, да се почнува градба ни остава простор да се сомневаме дека се е легално. Како соседи никој не не извести за сечата. Оваа парцела имаше корисници, но не го откупија земјиштето од државата, немаа пари и остана да се води како државен имот. Одеднаш се појави некој што кажа дека ја купил парцелата  и рече дека ќе прави зграда. Ни кажа дека ќе ни ги урне оградите што ги имаме оти улицата е тесна, но рече ќе ни изградел нови, бетонски. Ни кажа и дека улицата ќе биде блокирана додека гради оти нема друг пристап. Ние не сме согласни ниту да ни урива огради, ниту да гради зграда и да ни ја блокира улицата и нема да го дозволиме тоа“, велат соседите.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, не одговори на прашањата од „А1он“ за сечата на Водно.

Жителите на улицата Партениј Зографски, по празникот најавија дека ќе го интензивираат отпорот против изградба на новата зграда поради што ќе им биде блокирана единствената пристапна улица.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Пронајдени деца кои се изгубиле на Водно