Судбината на поранешниот службеник на НСА, Едвард Сноуден не е на дневниот ред во Кремаљ, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Песков подсети дека Путин во неодамнешната посета на Финска, рекол дека Сноуден не влегол на територија на Руската Федерација, бидејќи се уште не ја преминал границата.
-Покрај тоа претседателот укажа дека тој не се занимава со тоа прашање, туку надлежните служби. Во согласност со тоа таа тема не е на дневен ред во Кремељ – изјави Песков.
Според неговите зборови Кремељ „регистрира широк спектар на гледишта на голем број експерти и претставници на организациите за заштита на човековите права“.
Елена Георгиевска