Германската војска по 20 години се повлече од Авганистан

Од:

Германските трупи синоќа се повлекоа од Авганистан, соопшти Министерството за одбрана на Твитер, објавувајќи го повлекувањето на нивните војници од Авганистан по цели 20 години.

-Ова е крај на едно историско поглавје, интензивна мисија која беше тест за Бундесверот и во која Бундесверот се покажа во битка, рече германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

„Можете да бидете горди на тоа што го постигнавте, искрено и фер ги исполнивте задачите на парламентот“, им кажа Крамп-Каренбауер на војниците.

Во мај годинава, американскиот претседател Џо Бајден прв ја објави веста дека американската војска најдоцна до 11 септември ќе се повлече од Авганистан.

За време на изминатите 20 години од германската мисија во оваа се уште немирна земја беа убиени вкупно 59 германски војници.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН ги повика авганистанските власти да ги укинат ограничувањата за жените

ЕУ: Талибанците контролираат 65 проценти од територијата на Авганистан

А1он

Во Авганистан од почетокот на годината раселени над 100 илјади луѓе

ВИДЕО: Урнатиот авион во Авганистан е на армијата на САД

Американскиот државен секретар во ненајавена посета на Авганистан

Ана Ололовска