Холандската полиција заплени речиси три тони кокаин и 11,3 милиони евра во готово.
Дрогата била запленета кога полицијата влегла во фарма во близина на Амстердам, а тоа е една од најголемите заплени на дрога, соопшти денеска полицијата.
Grote drugsvangst in De Kwakel: 2993 kg cocaïne en 11,3 miljoen aan contanten aangetroffen
Lees meer op: https://t.co/VTl7BSQK9P pic.twitter.com/m1P0Oa9Da9
— Politie Eenheid Amsterdam (@Politie_Adam) June 29, 2021
Кокаинот, со проценета улична вредност од 195 милиони евра, бил скриен во блокови во зграда на околу 20 километри јужно од холандската престолнина и во возила.
„Полицијата, за време на рацијата извршена минатиот четврток, открила и шест пиштоли, придушувачи, муниција, како и луксузни предмети и машини за броење пари“, се вели во соопштението на полицијата во Амстердам.
Двајца мажи, на возраст од 54 и 29 години, се уапсени под сомнение за вмешаност во трговија со дрога од големи размери.
Тие се појавија пред истражен судија во понеделникот и одреден им е притвор од 14 дена додека трае истрагата.
Холандија, со своето главно меѓународно пристаниште во Ротердам, е клучен влез за дрога во Европа, која претежно се испорачува од Јужна Америка.