Сопствениците на објекти покрај кејот на реката Црн Дрим во Струга од денеска почнаа сами да ги отстрануваат објектитите, кои пред неколку години, за време на владеењто на претходната локална власт, ги поставија, со што директоно беше узурпиран кејот, а на граѓаните им беше ускратена можноста за прошетки покрај реката.
Најголем дел од објектите се од метални контрукции и монтажни објекти. Новата локална власт во Струга им даде рок до 30. јуни да отстранат се што поставиле покрај кејот, доколку не општината тоа самата ќе го направи.
Градоначалникот Зијадин Села за А1он кратко одговори дека општината од утре почнува со активностите на терен и оти најпрво ќе биде согледана целокупната состојбата.
Претходно општина Струга на тендер кој го објави изврши избор на фирма која ќе се отстранува и урива се што е поставено.
Трошоците за уривањето ќе паднат на товар на соптсвениците на објекти, на кои општината им испрати писмени известувања.
Мики Трајковски
фото: струга лајм