ВИДЕО: Некогашната менаџерка на Тоше, Љиљана Петровиќ, станува српска „кралица на цвеќето“

Од:

Некогашната менаџерка на македонската и балканска поп ѕвезда Тоше Проески, Љиљана Петровиќ, во последните години речиси никогаш не се појавува во јавноста, но српските медиуми ја следат нејзината трансформација од естрадна менаџерка во стопанственичка во одгледувањето цвеќе.

Таа денеска се вклучи во утринската програма на телевизијата „Прва“, каде објасни дека по загинувањето на Тоше, започнала бизнис со рози, но дека сега се занимава со огледување лаванда на површина од над 200 хектари, што е најголемата плантажа со ова ароматично растение во Србија.

На прашањето на новинарот дали го нашла мирот на плантажата, Петровиќ вели дека ја изненадило прашањето, затоа што по она што се случи, не е можно да се најде мир.

Петровиќ го застапуваше Тоше во последните години од неговата кариера, а таа беше со него во автомобилот на кобното патување на 16 октомври 2007 година, кога Проески загина во судир на автопатот кај Нова Градишка, во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ