На крајот од август ќе се знаат сите кандидати на СДСМ за локалните избори, а дел ќе бидат соопштени во јули

Од:

Предлозите за градоначалници за локалните избори, СДСМ ќе ги презентира на крајот од август. Предвреме, можно е да се знаат имињата само за кандидати во општини, за кои анализите се завршени. Ова е ставот претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, кој додаде дека се спроведуваат низа анкети, за партијата да ги избере тие, кои според него, ќе победат.

„Според нашиот правилник и роковник, одлуките ги носиме крајот на август затоа што во првата половина од септември се доставуваат до ДИК. Но, ако и претходно донесеме одлуки кои ќе значат завршени истражувања, анализи, нема што да чекаме и ќе објавиме, за да знаат граѓаните и да оформат свој став. Генерално крајот на август, но не исклучувам можност и во текот на јули месец да објавиме неколку кандидати“, рече Заев.

За претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, најважно е да се изберат вистинските кандидати за избори.

„Очекуваме низ анкети, граѓаните навистина да ни кажат што преферираат и тоа ќе ни биде водилка. Сите можеме да бидеме корисни во форма на кандидати. Најважно е да направиме вистинска селекција на кандидати, бидејќи тоа се избор на личности. Партиите имаат важност, но многу мал. Самите личности, за советници, градоначалници, се доминантно пресудни во одлуката“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар