Русија и Кина одбележуваат 20 години стратегиско партнерство

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе разговараат на дваесетгодишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји. Разговорот ќе се спроведе преку видео врска, соопшти прес-службата на Кремљ.

„На 28 јуни 2021 година ќе се одржи видео конференциска врска меѓу претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, по повод 20-годишнината од потпишувањето на руско-кинескиот договор за добрососедство, пријателство и соработка “, наведува прес-службата на рускиот претседател.

Кремљ појасни дека двајцата претседатели ќе разменат честитки и ќе ја проценат моменталната состојба и изгледите за развој на стратешкото партнерство. Исто така, се планира да дискутираат за актуелни прашања од меѓународната агенда.

Русија и Кина имаат блиски деловни и политички врски. Пандемијата на коронавирусот влијаеше врз нивниот интензитет: лидерите на двете земји последен пат се сретнаа лично во ноември 2019 година на маргините на самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) во Бразил. На 19 мај, Путин и Си, на конференција во видео формат, присуствуваа на церемонијата по повод почетокот на изградбата на седмата и осмата единица на нуклеарната централа Тијанван, како и на третата и четвртата единица на нуклеарната централа Ксудапу во Кина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски