Индија префлила 50 илјади војници долж границата со Кина

Од:

Индија во последните месеци прераспределила најмалку 50.000 дополнителни војници долж границата со Кина, со цел да ја зајакне својата позиција во регионот.

Медиумите јавуваат дека индиското Министерство за одбрана распоредило војници и единици на военото воздухопловство во три погранични области. Во моментов, на границата со Кина се концентирани вкупно околу 200.000 индиски војници, што е за 40 отсто повеќе од минатата година, наведуваат индиските медиуми.

Кина неодамна испрати дополнителни воени сили на располагање на воената команда во Синџијанг, која е одговорна за патролирање во спорните области долж границата со Индија, во подножјето на Хималаите.

Кина гради бункери и писти во пограничните области, велат изворите, иако се уште нема официјални коментари на оваа информација.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски