Демократски сојуз: Да нема летување за пратениците и министрите, државата да се консолидира

Од:

Демократскиот сојуз предлага пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да работат, се со цел овој период да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската унија.

„Демократскиот сојуз смета дека летниот период треба да се искористи и за изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, борба против урбаната мафија и мафијата која и натаму остварува високи профити со продажба на канцерогени нафтени деривати, како и депонирање на опасен отпад.

Мора да продолжат реформите во судскиот систем,како и донесување на посебна програма за департизација на службите за безбедност и администрацијата“, вели ДС.

„Овој период да се искористи за подготовка на Платформа за на поефикасен начин да се справиме со пандемијата,да се спроведе имунизација на населението и реорганизира здравствениот систем во насока на негова подготвеност за дејствување во услови на кризна состојба.

Поради пандемијата многу реформи доцнат,поради што сметаме дека само со дополнителни напори и работа можеме да опстоиме на патот кон Европската унија и да создадеме подобри услови за работа и подобар живот за сите граѓани“, соопштува ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски