Велингтон затворен уште два дена

Од:

Нов Зеланд ќе ги продолжи ограничувачките мерки во главниот град Велингтон за уште два дена, откако властите денеска соопштија за ризик од ширење на коронавирусот по посетата на австралиски турист кој бил позитивен на PCR тест по посетата на градот минатиот викенд.

Велингтон сега е во второ ниво на тревога и ќе остане на тоа ниво до вторник .

– Јасно е дека се уште не излеговме од опасност. Потребно ни се повеќе тестирања и повеќе резултати за да се чувствуваме безбедни за да можеме да го ублажиме нивото на тревога, изјави министерот задолжен за координација на борбата против Ковид-19 Крис Хипкинс.

Мерките значат дека правилата за социјално растојание ќе важат низ целиот град, но може да се отворат компании, училишта и канцеларии.

Нов Зеланд ги суспендираше пристигнувањата од Австралија без карантин најмалку три дена, бидејќи во таа земја расте бројот на случаи на заразенио со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска