Српски автобус каменуван сред Скопје, освен искршено стакло не е одземено ништо од него

Од:

Автобус од Србија, кој превезувал руски туристи е каменуван ноќеска во строгиот центар на Скопје. Кон автобусот било фрлено со цигла, а пријавата во полиција стигнала утринава од страна на возачот. Во моментот кога се случил настанот, тој бил паркиран во близина на хотелот „Холидеј Ин“. Од МВР велат дека е извршен увид.

„Во 09.10 часот во полициската станица Центар, С.К.(47) од Република Србија пријавил дека во периодот од 19.20 часот на 25.06.2021 до 07.30 часот на 26.06.2021 непознат сторител со тврд предмет извршил оштетување на возачко стакло на автобус со српски национални ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Бачка Паланка, Србија. Автобусот го паркирал пријавителот на паркинг простор на улица ‘Филип Втори Македонски’“, велат од МВР за „А1он“.

Според пријавеното, освен оштетување на стаклото, сторителот не одзел ништо од автобусот. Полицијата работи на пронаоѓање на лицата кои го каменувале автобусот.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он