ВИДЕО: Крвав поход на улица во Германија, снимен е напаѓачот кој закла тројца луѓе и рани шестмина

Од:

Тројца луѓе загинаа, а шестмина се повредени кога напаѓач со нож тргна во крвав поход низ улиците на германскиот град Вирцбург, пред да биде запрен од полицијата, која му пукала во нозете.

На социјалните мрежи се појавија драматични снимки на кои е забележано како десетици минувачи го опколуваат напаѓачот, кој во раката држи голем нож и се обидуваат да му се спротивстават.

Полицијата соопшти дека го уапсила напаѓачот по „голема акција“ во која беа затворени делови од центарот на градот.

„Го уапсивме напаѓачот“, напиша локалната полиција на Твитер, соопштувајќи дека засега „нема индиции дека има повеќе напаѓачи“ и оти повеќе „нема опасност за населението“.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД