Кино под отворено небо во три града за јубилејот на филмскиот фестивал „Cinedays“

Од:

По повод 20-тиот јубилеј на филмскиот фестивал „ Cinedays“ и во пресрет на летните кино активности на Младинскиот културен центар, љубителите на филмот ќе имаат можност да уживаат во неколку европски и македонски филмови под отворено небо во три града низ државава. Имено, во перидот од 25 јуни до 10 јули патувачкото кино ќе отпатува во Крива Паланка, Струмица и Струга.

Како претставник на ЕУ, која е партнер на МКЦ во реализацијата на заедничките културни цели, присуствуваше и Амбасадор на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, кој во своето обраќање рече дека киното има огромен потенцијал како и можност да комуницира со луѓето и да ги истакне европските вредности како што се еднаквоста, слободата на изразување, почитување на животната средина, демократијата како и социјалниот модел на ЕУ.

– Осмислено како годишна ревија на кино, произведено од ЕУ, призната од критичарите, како и сакано од европската публика, филмовите од европското патувачко кино ќе бидат прикажани на убавиот плоштад пред европската куќа во Крива Паланка, потоа ќе отпатува во Струмица во градскиот парк, потоа и во Струга во шармантната летна сцена на градскиот културен центар, изјави евроамбасадорот.

Тој додаде дека овие прикажувања на филмови под отворено небо се навистина сакана форма на кинематското искуство и воедно изрази надеж дека љубителите на самиот филм ќе уживаат во овој вид на презентација на филмови.

– Овогодинешната селекција на самите филмови всушност ја рефлектира европската креативност, како и разновидност која што всушност мислам дека ќе понуди по некој филм за сечиј вкус. Оваа селекција, исто така, покрива и различни теми, почнувајќи од ЕУ како таква од темната страна во врска со дигиталната технологија, до самото прифаќање и разноликоста, животот на луѓето со попреченост, справување со насилството и предрасудите, корупцијата, како и работата на граѓанското општество. Дури повеќе, овој фестивал нуди единствена можност да се дискутира, да се дебатира во врска со филмовите со познатиот филмски критичар Влатко Галевски и неговите гости, експерти на сите теми коишто ги покриваат овие филмови, заклучи Гир.

Координатор на фестивалот на европски филм „Cinedays“, Маргарита Арсова пак, информира дека во програмата се предвидени свежи европски наслови кои ќе бидат премиерно прикажани пред локалната публика, како и дека се предвидени повеќе од пет филмови.

– Имаме богата селекција на филмови, од прилика мислам шест или седум и заедно со кратки филмови од македонската кинематографија. Така ќе го имаме „Кожурец“, којшто минатата година беше на фестивалот, филмот „Хакер“, потоа ќе го имаме „Патешествието на принцот“, којшто е филозофски филм за деца и многу други. Ќе имаме детски филмови – „Рока го спасува светот“, „Брат ми брка диносауруси“ и други. Да напоменатм дека тоа се свежи наслови и комедирана програма, која што вклучува и детска програма, како и програма на кратки филмови, појасни Арсова.

Би можело да ве интересира

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Заврши 21 издание на „Синедејс“

Ана Ололовска

Вечерва проекцијата на филмот „Нема да си сама“

Филмот „Мими“ вечерва го отвора Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“

Горан Наумовски

Отворање на Синедејс 2022 со македонската премиера на играниот филм „Мими“

Ана Ололовска

Загревање за Cinedays – Европско патувачко кино под отворено небо

Ана Ололовска