Досега три милиони, 884 илјади и 538 луѓе починале од инфекција со коронавирусот во светот, додека вкупно 179.071.540 се инфицирани, го објавија денеска западните медиуми новиот биланс на смртни и заразени случаи.
Бројот на официјално заразени лица не го одразува реалниот број на инфицирани, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.
САД се најсериозно погодената земја, според бројот на починати и заразени, со 602.462 смртни случаја и 33.565.294 инфицирани.
По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 504.717 смртни случаи и 18.054.653 случаи на инфекција, Индија со 390.660 починати и 30.028.709 заразени, Мексико со 231.505 смртни случаи и 2.482.784 инфицирани и Перу со 190.906 починати и 2.033.606 заразени пациенти.
Перу е држава со најголем број смртни случаи по глава на жител, со 579 смртни случаи на 100.000 жители. Следат Унгарија (310), БиХ (294), Чешка (283) и Северна Македонија (263).
Латинска Америка и Карибите имаат 1.246.143 починати (35.335.990 заразени), Европа 1.160.364 смртни случаи (54.041.134 заразени), САД и Канада 628.649 починати (34.975.347 инфицирани), Азија 561.328 смртни случаи (39.304.841 заразени), Блискиот исток има 148.356 починати (9.109.172 заразени), Африка 138.580 смртни случаи (5.253.018 заразени) и Океанија 1.118 починати (52.045 заразени).