Лондон демантира дека Русите пукале над британскиот брод, тој „мирно пловел низ украинските води“

Од:

Британското Министерство за одбрана попладнево ги демантира тврдењата на руската Влада дека во Црното Море руски брод испукал предупредувачки истрели врз разурнувач на британската кралска морнарица, јавуваат медиумите.

„Врз HMS „Defender“ не биле истрелани предупредувачки истрели. Бродот на Кралската морнарица изведувал мирно преминување низ украинските територијални води во согласност со меѓународното право”, соопшти британското министерство.

Министерството за одбрана на Обединетото кралство смета дека руските сили спроведувале вежновни гаѓања во Црното Море.

Руската Црноморска флота, заедно со Пограничната служба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), соопшти дека денеска во водите на Црното Море испукала предупредувачки истрели во обид да спречат британски брод-разурнувач да ја наруши руската државна граница.

Претходно, според руската страна, британскиот разурнувач добил предупредување дека ќе биде употребено оружје врз него доколку ги наруши границите на Руската Федерација, меѓутоа, воениот брод не одговорил на предупредувањето, наведе руското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте