Орбан: Срамно е тоа што го зборува Фон дер Лајен за геј-правата во Унгарија

Од:

Забелешките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, околу унгарскиот закон со кој се планираат нови ограничувања на правата на ЛГБТ заедницата се срамни и се темелат на лажни изјави, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

-Неодамна усвоениот унгарски закон ги штити правата на децата, ги гарантира правата на родителите и не се однесува на правата на сексуална ориентација на лицата над 18 години, па затоа не содржи никакви дискриминаторски елементи, се наведува во изјавата на Орбан .

Унгарската агенција МТИ ја пренесе изјавата на Орбан дека изјавата на претседателката на ЕК е срамна бидејќи унгарскиот предлог-закон се заснова на членот 14 (3) од Повелбата за основните права на Европската унија.

-Претседателката на ЕК објавува пристрасно политичко мислење без претходно непристрасно истражување, рече Орбан.

Унгарскиот парламент неодамна донесе измени и дополнувања на повеќе закони со кои се забранува прикажување и унапредување на родовиот идентитет, освен полот при раѓање, промена на полот и хомосексуалноста на лица под 18-годишна возраст.

Тринаесет земји-членки на ЕУ, претежно западни, вчера ја осудија Унгарија за измените и ја повикаа Европската комисија да ги искористи сите расположливи средства за да обезбеди усогласеност со европското законодавство.

Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска, исто така, го критикуваше новиот закон.

-Мислам дека овој закон е погрешен и е некомпатибилен со моите идеи, рече канцеларката во Долниот дом на германскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Орбан: Опасноста од ескалација и ширење на војна никогаш не била поголема

Орбан и објави „војна“ на левицата: Допрва доаѓа времето на патриотите, вие сте неспособни

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Да се ​​најдат начини да се врати мирот во Европа