Во бомбашки напад врз конвој возила на НАТО во западниот дел на Авганистан загинаа двајца цивили, додека во операцијата на авганистанските сили во централниот дел на земјата убиени се 20 талибанци и еден полицаец.
Конвојот на НАТО бил нападнат од бомбаш-самоубиец во западната провинција Фарах, при што загинаа една жена и еден маж, а петмина други цивили се повредени.
Портпаролот на коалициските сили изјави дека ниту еден војник на НАТО не е повреден.
Доцна синоќа во операција на авганистанските сили во централната провинција Орузганубиени се 20 талибанци и еден полицаец.