Витановски до лустраторите: Ги поминавте сите црвени линии

Од:

Јанаќе Витановски, еден од лустраторите кои поради несогласување со работата на Комисијата за верификација на фактите ја напушти функцијата, реагира на одлуката писателот Славко Јаневски да биде прогласен за соработник со службите. Тој им се обрати на членовите на Комисијата и вели-ги поминавте сите црвени линии, лустрацијата е за актуелните функционери, не за мртвите.

-Иако не сум во работата на Комисијата веке 6 месеци(поднесов оставка) ве пратам што правите.Последните 2 седници ги поминавте сите црвени линии. Лустриравте министер, а не ги лустриравте другите наредбодатели, кои се во истите досиеја. Лустриравте лице со друг матичен број, лустриравте починати лица. Денес го лустриравте писателот, академик (од 1967 год.) Славко Јаневски човекот кој го напиша романот „Село зад седумте јасени“ (1952 год.) прв роман на македонски јазик.

Јас сум учел и сум ги читал неговите дела, не знам дали Вие сте учеле за него, незнам кој како гласал, не можам да Ве сфатам со каква леснотија се пресметувате со мртвите луге си кревате рака. И си велите овој не може да се брани и да ја докажува својата невиност, а и нема да го објавиме неговото име. Срамота. Во Регистарот имате заведено 68 лиустрирани лица, 90% се бивши ,5% се кандидати и 5% функционери. Во последните 10 лица, 5 се починати лица. Со лустрацијата на починати лица го достигнавте врвот на апсурдот. Дали мислите дека починатиот ке се јави на некоја функција на оној свет. Сега решението Томе Аџиев може слободно да го однесе на споменикот на Славко Јаневски на Мостот на уметноста или на споменикот во Жена парк.

Не можете да ги рушите делата на Славко Јаневски што и да правите. А ке дојдам и ке го видам досието „Славјан“ да видам има ли жртви и кој се жртвите, кои се причините и што земал за себе Славко Јаневски. Да ве потсетам лустрацијата е за кандидатите и за актуелните, а не е за починатите и за бившите.

Целта на Лустрацијата е да се оневозможат и спречат поранешните соработници со тајните служби денес да бидат носители на јавна функција. Постои едно правило -За мртвите се најдобро, За мртвите не се расправа, а вие ги лустрирате.

Колеги лустратори престанете да го злоупотребувате процесот на лустрација. Одмаздата не треба да биде по важна од демократијата. Почитувајте ги одлуките на Уставен суд. И на крај тие што сте гласале за лустрација на бивши -починати има една изрека „Прости им Господе, незнаат што прават“, вели Јанаќе Витановски, кој поднесе оставка од Комисијата за верификација на фактите.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска