ОБСЕ даде добра оценка за изборите во Ерменија

Од:

Предвремените избори во Ерменија, на кои најголем број гласови освои актуелниот премиер Никол Пашинјан биле „конкурентни и добро организирани“, оцени денеска набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка аво Европа (ОБСЕ).

Пребројувањето на гласовите беше многу транспарентно, а изборната кампања беше „демократска“, се наведува во соопштението на ОБСЕ, но исто така се изразува и жалење поради „запаливите зборови на главните кандидати“, што придонесе за „поларизација“ на општеството.

Партијата Граѓански договор на Пашинјан победи на вчерашните предвремените парламентарни избори во Ерменија. На изборите учествуваа 21 партија и четири коалиции.

Според ерменската ЦИК, партијата на Пашинјан освои 53,92 отсто од гласовите. Втор е блокот на Ерменија на поранешниот претседател Роберт Кочарјан со 21,04 отсто гласови. Третото местои припадна на коалицијата „Имам чест“ на поранешниот ерменски претседател Серж Сарксјан со 5,23 отсто, но тој мораше да го надмине прагот од седум отсто за влез во Парламентот. Сепак, ерменскиот изборен закон наложува да има најмалку три партии или коалиции во Парламентот, па во тој случај блокот на Сарксјан ќе биде парламентарна партија.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он