Французин доби џекпот од 15 милиони евра од европската лотарија „Евромилиони“.
„Евромилиони“ е присутна во девет европски земји и од 2004 година досега 315 луѓе добиле или го поделиле џекпотот.
Досега 80 Французи се добитници на џекпотот од „Евромилиони“, на второ место е Шпанија (63 добитници), на трето место Велика Британија (61) и Португалија е на четврто место (54).