До 10.000 навивачи на олимписките натпревари во Токио

Од:

Организаторите на летната Олимпијада во Токио соопштија денеска дека олимписките натпревари од трибините ќе можат да ги следат до максимум 10.000 домашни навивачи.

– Во светло на владините ограничувања за јавни настани ја поместивме дозволената граница за олимписки гледачи на 50 отсто од капацитетот на спортските терени, но не повеќе од вкупно 10.000 гледачи, истакнаа организаторите во денешното соопштение до јавноста.

Паралелно со ова, гувернерот на Токио, Јурико Коике, нагласи дека евентуална промена на одлуката ќе има во случај на влошување на состојбата со коронавирусот во Јапонија.

– Доколку дојде до драматични промени и зголемување на бројот на инфекции, ние ќе мораме да го преиспитаме предлогот и да ја разгледаме можноста воопшто да нема гледачи на олимписките арени, посочи Коике.

Одлуката дали ќе биде дозволено присуство на гледачи на Параолимписките игри во Токио организаторите ја одложија за 16 јули, една недела пред почетокот на Олимпијадата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он