ВМРО-ДПМНЕ: Георгиев да каже каде се трошеа парите од времето на СДСМ

Од:

Владеачката партија реагираше на изјавата на СДСМ за македонски шуми, со контраобвинување дека СДСМ е партијата која го уништуваше претпријатието Македонски шуми.

„Зарем мислат дека ќе се заборави дека:

СДСМ го задолжи претпријатието со кредити до фантастични 440 милиони денари;

Во истиот период не плаќаше ДДВ, па со предавањето на власта во 2006 година остави обврски во висина 740 милиони денари- без камата;

Можеби стравот доаѓа од таму што во периодот на владеењето на СДСМ, ова претпријатие не ги плаќаше обврските кон ФПИОМ, кои на крајот од 2005 година изнесуваа 200 милиони денари- без камата, а со камата обврските се фантастични 305 милиони денари. Пари од кои требало да се поделат пензии на граѓаните на РМ;

Или можеби стравот е од вработените во ЈП Македонски шуми, кои во периодот кога СДСМ раководеше со ова претпријатие земаа плата со задоцнување од 5-13 месеци;

Исто така реален е и стравот од прашањето кое се наметнува од претходново, а тоа е КАДЕ ОДЕЛЕ ПАРИТЕ кога СДСМ раководеше со Македонски шуми?

СДСМ излегува на вакви тенденциозни прес конференции затоа што знаат дека ЈП Македонски шуми може да работи успешно, редовно да дава плата (месец за месец), да плаќа ДДВ, ДД, ПДД, да ги исполнува обврските кон ФПИОМ, а притоа уште и да плаќа здравствено осигурување и сите обврски кон добавувачи и коминтенти.

Македонски шуми од претпријатие кое беше пред банкрот стигна со напорна и одговорна работа до рентабилно прептријатие кои редовно исплаќа плата на вработените, редовно ги исполнува обврските спрема сите субјкети кон кое е обврзано.

Би било добро следниот пат кога ќе излезе Гордан Горгиев на прес конференција да објасни за што се трошеа и каде завршуваа парите кои се крадеа во време на СДСМ од Македонски шуми“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања