Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Од:

Времето попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени, а во Скопје до 31 степен. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со пораст на температурите.

Во вторник температурите насекаде ќе биде над 30 степени, во следните денови во повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.

Би можело да ве интересира

Магливи утра, пријатни денови во текот на оваа седмица

Пријатно време со надпросечни температури во текот на оваа седмица

Температури до 15 степени денеска, пријатно време и во викендот

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време

Температури до 15 степени денеска, цела седмица убаво време

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица