Енрике по ремито со Полска: Очекував повеќе од Шпанија

Од:

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Енрике, ги сумираше впечатоците по синоќешниот натпревар (1:1) со Полска на ЕВРО 2020.

– Навистина сакам да го видам натпреварот што е можно побрзо и да анализирам сè. Чувствата не се најдобри. Можеби бевме супериорни во однос на ривалот, но ова не е доволно за победа. Ми се допадна Полска, тие успеаја да создадат многу шанси. Се обидовме премногу за да победиме, но не создадовме чисти позиции. Штета што не успеавме да го реализираме пеналот во клучниот момент. Очекував поголема супериорност од нас, но не го постигнавме тоа. Сакавме да победиме, но дури и нерешен резултат на овој натпревар може да ни биде доволен ако победиме во последното коло. Тогаш можеме дури и да бидеме први. Никој не рече дека ќе биде лесно, изјави Енрике.

Во последното коло од групната фаза, Шпанија ќе игра со Словачка, додека Полска се среќава со Шведска.

По две кола Шведска е прва со четири бода, Словачка има три, Шпанија два, Полска еден.

Би можело да ве интересира

Англичаните бараат нов национален празник ако ја освојат титулата на ЕУРО2020

A1on

ЕУРО2020: Италија го продолжи победничкиот поход, трет пораз на Турција

Ландов

Историски ден за македонскиот фудбал: Победа над Грузија носи на Европско

Катерина Ѓуровски