Барселона доаѓа во Скопје, Лазаров задоволен од жрепката

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар доби тешка група во Лигата на шампионите на извлекувањето во Виена. Во група со „црвено-црните“ се екипите на ПСЖ, Тун, две екипи квалификанти, како и Барселона за која настапува Кирил Лазаров.

Веднаш по жрепката синоќа Лазаров го изрази своето задоволство од противниците во првата фаза.

– Искрено посакував да паднеме во иста група со ПСЖ. Тие се нова, многу квалитетна екипа и можеби подобро е да се сретнеме веднаш. Така ќе имаме јасна слика со кого се натпреваруваме. Многу се радувам на мечевите со Вардар. Долго време посакував да играм против македонска екипа и еве сега два пати ќе ги одмерам силите со Вардар. Тоа е одлично за македонскиот ракомет, а уште подобро би било ако и Металург влезе во оваа група низ квалификациите. Така групата би привлекла голем интерес во Македонија, истакнува македонскиот капитен.

Состав на групите за новата сезона во ЛШ:

А група: Веспрем, Кроација Осигурање, Ст.Петерсбург, Рајн-Ловен Некер, квалификант група 3.

Б група: Кил, Киелце, Атлетико Мадрид, Колдинг, Данкерк, Цеље Пивоварна Лашко, квалификант група 4.

Ц група: Барселона, ПСЖ, Вардар, Вакер Тун, квалификант група 2, победник на турнирот со Вајлд карта.

Д група: Алборг, Горење Велење, Флензбург,Натурхаус Ла Роха, квалификант група 1, победникот од квалификациониот меч Фуксе Берлин – Хамбург.

Во квалификациската група со Вајлд карта ќе игра и Металург и доколку го освои првото место, Македонија за првпат ќе има два претставника во елитното натпреварување.

Најдобрите четири екипи од секоја група ќе продолжат до осминафиналето.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa