Две убиства во три месеци во Бутел и Топанско поле, кој и зошто ги изврши не е откриено

Од:

Не е откриено кој ги усмрти Камер Идризи и неговиот внук во скопски Бутел, ниту има осомничени сторители. По месец и половина, Обвинителството се уште го чека извештајот од собраните траги на местото каде се случи настанот. Нема откриени сторители, а од Обвинителството велат дека тоа е работа на МВР. Нерасчистено е и убиството од месец мај, кога убиени беа две лица на 24 и 28 годишна возраст, во кои било пукано со „калашников“.

Во случајот со Камер Идризи биле испукани 80 куршуми кон него и неговиот внук. Тој почина на лице место, а по неколку дена, во болнички услови, почина и неговиот внук, кој им подлегна на повредите. Во овој случај засега е познато само дека кон двете лица е пукано од возило „Ренџ ровер“.

„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е поднесена кривична пријава против конкретни лица осомничени дека го извршиле кривичното дело, а не се пристигнати ниту извештаите од наредените вештачења со кои треба да се утврдат околностите“, велат од Обвинителството.

Полицијата и натаму трага по убијците кои усмртија две момчиња во Топанско Поле во мај годинава. Лицата кои со „калашников“ и пиштол убија 24 и 28-годишник од Скопје се во бегство. Убиството на двајцата скопјани се случи на улицата Македонско-косовска бригада. Убиените се превезувале со автомобил марка „цитроен“.асега е само познато дека се прегледувани снимки од видеонадзори од локални објекти, раскрсници и улици. Грозоморното убиство се случи околу 3 часот по полноќ.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он