Бугарски „Егзит“: Нина Кравиц, Офенбах и С.А.Р.С.

Од:

Првите учесници на бугарското издание на Егзит се најавени од организаторите на настанот, кој ќе се одржи од 29 до 31 јули во градот Приморско. Повеќе од 50 изведувачи ќе настапат на четири сцени. Меѓу првите најавени учесници е едно од најважните имиња на светската електронска сцена Нина Кравиц, француското електронско дуо Офенбах и еден од најпопуларните бендови во алтернативниот рок С.А.Р.С.

По фестивалите во Црна Гора, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Грузија, и Бугарија стана дел од семејството на фестивалот Егзит со музичката манифестација Санленд.

Нина Кравиц е избрана за диџеј на годината од списанието „Миксмаг“. По професија е стоматолог, но нејзиниот интерес за музиката е уште од најмладите години. Таа денес е еден од врвните диџеи, кои ја воодушевуваат многуилјадната публика на фестивалите како што се Amsterdam Dance Event, Decibel, Awakenings и DEMF.

Париското денсдуо Офенбах има над една милијарда стримови и 350 милиони прегледи на ЈуТјуб. Откако ги објавија песните Around the Fire и You Don`t Know Me, тие добија поддршка од уметници како што се Робин Шулц и Тиесто. Познати се и по ремиксите на Боб Синклер, Хајфен Хајфен и Џејмс Беј. Тие имаат над 250 настапи со три европски турнеи, две американски и една во Азија.

Алтернативната рок-група од Белград С.А.Р.С. е комбинација од поп рок, реге, блуз, џез и хип хоп, со етно елементи од Србија. Тие и се познати на бугарската публика со своите песни и огромната енергија на сцена. Нивната песна „Перспектива“ е хит меѓу обожавателите речиси цела деценија.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром