38-годишен штипјанец пронајден мртов во околината на градот

Од:

Жител на Штип е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија, соопшти полицијата.

Според СВР Штип, во 23:41 часот било пријавено оти во место викано Манастирче, во атарот на селото Чардаклија бил пронајден починат 38-годишниот М.Е. од Штип.

– Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршила екипа од СВР Штип, се вели во соопштението.

По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да утврди дали станува збор за насилна или за природна смрт, велат од штипската полиција.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он