Србија се поднови со ракетен систем од Кина, верзија на рускиот „С-300“

Од:

Српските власти соопштија дека земјата го набавила кинескиот ракетен систем со среден дострел ФК-3, конструиран според моделот на рускиот С-300, а првата батерија треба да биде доставена до крајот на годината, објави „Новости“.

Оваа набавка ќе биде најголемото засилување за српските вооружени сили од распадот на Југославија наваму, а Србија ќе стане првата странска земја која ќе го користи кинеското оружје.

Кинеските ракети за одбрана од воздушни напади се најважната, но не и единствената ставка на списокот на купена воена опрема чија испорака се очекува во следните шест месеци, пишува „Новости“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна објави дека претстои реализација на големи воено-технички договори.

„Многу нови оружја ќе пристигнат во следните шест месеци. Се набавуваат многу работи, а многу се веќе платени“, рече Вучиќ, не наведувајќи за какви видови оружје станува збор.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он