Венецуела е подготвена да го заштити Сноуден

Од:

Венецуела сака да го заштити храбриот Едвард Сноуден, истакна претседателот Николас Мадуро и понуди азил.

-Доколку на тој млад човек му е потребна хуманитарна заштита и ако верува дека може да дојде во нашата држава, тогаш Венецуела е подготвена да го заштити ова храбро момче на хуман начин-нагласи тој.

Поранешниот службеник на НБС, американската власт го бара бидејќи обелодени детали од американската програма за надзор на интернет.

Мадуро акциите на Сноуден ги опиша како „бунт на вистината“ и пример на нешто што се случува меѓу американската младина.

Кремељ соопшти дека Сноуден се уште се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево.

Еквадор се споменува како Сноуденов избор на држава за азил, но претседателот Рафаел Кореа вчера рече дека владата се уште го разгледува случајот.

Мадуро нагласи дека претседателот на Еквадор може да смета на секој вид поддршка на Венецуела, која во исто време сака да ги подобри односите со САД.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска