На еден месец пред Олимпијадата се укинува вонредната состојба во Токио

Од:

Во недела во Токио и другите јапонски окрузи се укинува вонредната состојба, наметната од пандемијата на коронавирусот, потврди јапонската Влада, истакнувајќи дека некои ограничувања ќе останат на сила и може сериозно да влијаат на присуството на локалните гледачи на Олимписките игри, што почнуваат на 23 јули.

Главниот град на Јапонија и неколку други окрузи од крајот на април се под вонредни мерки, што значеше, меѓудругото, затворање на рестораните и баровите рано навечер и забрана за продажба на алкохол.

-Одлуката за укинување на вонредната состојба стапува на сила во недела, како што е предвидено за Токио и осумте други области, рече премиерот Јошихиде Суга. Но, додаде тој, вонредната состојба е продолжена до 11 јули во Окинава.

„Од средината на мај се намалува бројот на инфекции на национално ниво и бројот на слободни кревети во болниците се подобрува“, објасни премиерот, додавајќи дека поради одредени делови каде инфекцијата не стивнува целосно, некои ограничувања остануваат во сила.

Токио би можел да ги задржи и ограничувањата на бројот на гледачи на спортските натпревари и концерти. Засега се дозволени максимум 5.000 гледачи, а владата вчера дозволи горна граница од 10.000 гледачи за областите во кои веќе нема вонредна состојба или се во таканареченото квази-вонредна состојба.

Овие мерки можат да влијаат и на организаторите на Олимписките игри во Токио, кои најверојатно ќе донесат одлука за присуството на локалното население на натпреварите на почетокот на следната недела. На гледачите од странство веќе им е забрането да присуствуваат на натпревари, првпат во историјата на Олимписките игри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он