Музеј Неготино учесник во меѓународен проект за млади и култура финансиран од Европска Унија

Од:

Музеј Неготино е учесник во меѓународен проект за млади и култура финансиран од Европска Унија. Директорката на Mузејот, Драгица Чекорова денеска информираше дека проектот е насловен ,,The melting pot”, а е во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ КА2, кој ќе трае 15 месеци.

– Општинската установа Музеј на град Неготино е еден од партнерите на овој проект за претопување на културата со младите, а носител на проектот е НАПОР од Нови Сад, Србија. Во овој проект вклучени се по две организации, за млади и култура, од Република Хрватска, Република Србија и РС Македонија. Од македонска страна, учествуваме ние заедно со Сојуз за младинска работа од Скопје, појасни Чекорова.

Во рамки на проектните активности, претставници на учесниците во проектот поминале четири денови во Нови Сад.

– Разменивме искуства и се договоривме околу претстојните ангажмани, се со цел што поголемо спојување на младите и културата, во интерес на сите, нагласи Чекорова.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска