Нигериската екстремистичка група Боко Харам ја потврди смртта на лидерот Абубакар Шекау

Од:

Еден од командантите на нигериската џихадистичка група Боко Харам, Бакура Моду, потврди дека лидерот на оваа група, Абубакар Шекау е мртов.

Моду, кој се очекува да биде новиот лидер на групата, изјави дека Шекау бил убиен во борбите со ривалската група Исламска држава во Западна Африка (ISWAP), пренесуваат француските медиуми.

Моду ги повика командантите на Боко Харам да останат лојални на групата и покрај загубата на лидерот.

Смртта на Шекау се смета за главна пресвртница во нигерискиот конфликт, иако ISWAP неодамна стана доминантна сила меѓу бунтовниците на северо-истокот на земјата.

Пред десет дена, медиумите објавија дека Шекау извршил самоубиство за време на борбата против членовите на ISWAP.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он